Во 2002 година на автомобилскиот салон во Париз се појави првата верзија на Volkswagen Touareg. Тоа значи дека луксузната изведба на теренското возило го слави својот 10-ти роденден, а за да го одбележи овој јубилеј германската автомобилска компанија лансира специјална верзија Edition X.
Оваа специјална едиција се одликува со луксузни и уникатни додатоци, а базирана е врз втората генерација Туарег, која се продава од 2010 година. Volkswagen Touareg Edition X располага со би-ксенон фарови, панорамски покрив, 19-инчни фелни, тонирани стакла, хромирани акценти и посебни ознаки на моделот.
Во ентериерот се користат висококвалитетна кожа Nappa, апликации од абаносово дрво и светлечки прагови на вратите.
Јубилејна едиција Touareg Edition X може да биде опремен со секој од моторите на стандардниот модел. Цената започнува од 61.025 евра за верзијата V6 TDI BlueMotion па нагоре, во зависност од моторот и нивото на опременост.
Објавено во соработка со Авто Плус.