Поранешниот министер и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Тодоров, викендов го посетил екс-премиерот и претседател на партијата – Никола Груевски, во Будимпешта, дознава неофицијално „Фокус“.
Тие не добиле одговор што е причината и целта на посетата, која се случува во момент кога беше закажан Конгрес за смена на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, кој денеска беше одложен поради, како што тврдат од Иницијативниот одбор, ситуацијата со коронавирусот во земјава.
Тодоров редовно повикува на смена на Мицкоски и му ја припишува вината за сите порази од Заев и СДСМ на изборите, а како што посочува и „Фокус“, тој важи и за близок пријател со Митко Јанчев (градоначалникот на Кавадарци), кој не ги крие амбициите за нов лидер на партијата. Јанчев, пак, во интервју за „Фокус“, открива дека проблемите во односите меѓу него и Мицкоски било токму тоа што комуницирал со Тодоров. Целиот текст прочитајте го ТУКА.