Долгото работење пред монитор може да направи да се чувствувате заслепени од неговата светлина. Сега можете да направите нешто добро за вашите очи со бесплатната апликација F.lux која автоматски го прилагодува светлото на мониторот врз основа на тоа кое време е од денот на локацијата на која се наоѓате. Дисплејот добива топлина за време на ноќта и поладна светлина во текот на денот. F.lux автоматски се прилагодува на вашата локација откако ќе го инсталирате, на „settings“ можете да ја проверите локацијата која можете да ја смените внесувајќи зип код или географска должина и ширина.