Неодамна пишувавме за првата мачка што свети во темница, а сега од лабараториите во Јужна Кореја ни доаѓаат и првите флуоресцентни кучиња. Запознајте го Рупи, на прв поглед обично слатко кученце, но сместете го под ултравиолетова светлина и тоа ќе засвети во црвена боја.
Неодамна пишувавме за првата мачка што свети во темница, а сега од
лабараториите во Јужна Кореја ни доаѓаат и првите флуоресцентни кучиња.
Запознајте го Рупи, на прв поглед обично слатко кученце, но сместете го
под ултравиолетова светлина и тоа ќе засвети во црвена боја.
Рупи е едно од петте генетички модифицирани кучиња создадени од група
корејски научници кои го создадоа и првото клонирано куче Снупи во
2005-та. Овие кучиња се трансгенетички животни, што значи дека нивниот генетски код е намерно модифициран наместо таа мутација да се добие по природен пат.
Целта на научниците беше да се добие флуоресцентен протеин што ќе им помогне да ги проучуваат и разберат болестите кај луѓето. Меѓутоа, ова не беше примено со одобрување од научните кругови, кои го осудија создавањето на трансгенетички кучиња како неетички, тежок, скап и бавен процес. [Fluorescent puppy is world’s first transgenic dog]