Вечното прашање и дилема кое најчесто е поставено од женската популација:
Дали можам со пазење на храна или вежбање на одреден дел, да ослабам само во стомакот/задникот/нозете?!
Одговорот е за жал далеку од она што сакате да го прочитате…Одговорот е НЕ!
Не постои топење на масти од специфичен или одреден дел од телото кој најчесто е по наша желба; едноставно телото не функционира така. Кај жените, поради поголемата концентрација на половиот женски хормон естроген, телото има тенденција да складира вишок масно ткиво околу струкот, задникот, нозете (ова е индивидуално и генетски, некои се преодредени вишокот на масти да им се складира во задникот, на некои во стомакот или нозете, а оние најнесреќните – на секој дел).
Единствен начин да се ослободите од тоа вишок поткожно масно ткиво е преку комбинација на физичка активност (аеробен со анаеробен тренинг комбинирано) и балансиран начин на исхрана. Не само поминување по 4 часа во теретана, а промашување тотално во кујната или обратно – гладување без никаква физичка активност, туку комбинација од ДВЕТЕ!
Се надевам ова ќе ви заштеди многу клацкање на клупата за стомачни, или ќе ве натера да престанете да гладувате, затоа што иако можеби вистинскиот начин за како да ослабете и да намалите масно ткиво не е оној кој што сакате да го прочитате/слушнете, сепак не го менува фактот дека тоа е вистинскиот и единствениот правилен начин