FitnessCorner: Големата разлика помеѓу диета и правилен начин на исхрана

Општоприфатената теза за термините “диета (diet)” или “режим на (правилна) исхрана” се многу често погрешно протолкувани и сфатени и најчесто асоцираат на гладување, лишење од одредени видови на храна со цел да се намалат или зголемат килограмите по секоја цена, конзумирање на големи количини на овошје и зеленчук и многу вода

Под режим/начин на правилна исхрана се подразбира
балансиран внес на протеини, јагленохидрати,масти, витамини и минерали во зависност од целта, потребата, типот и нивото на физичката активност (доколку постои), метаболизмот и други параметри. Секој макро и микро нутриент има своја уникатна важност и голема грешка е да се изоставуваат или приотеризираат  дел од нив; независно дали сакате да ослабете, да качите телесна тежина (мускулна маса), дали сте спортист кој сака да ги оптимизира своите перформанси или сакате само да имате генерално здрав начин на исхрана во комбинација со физичка активност кој е превентива од многу “модерни” болести.what-is-a-calorie-1

Потребно е напоменатите макро и микронутриенти да се внесуваат преку сирови извори на храна, што би значело онака како што можат да се добијат од природата, да не се преработени (во преработени извори на храна спаѓаат речиси сите видови на брза храна, грицки, слатки работи и слично) и да не содржат рафинирани масти и шеќери.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Секако, внесот на овие макро нутриенти и нивниот соодност ќе варира од индивидуа до индивидуа, зависно од типот на физичка активност (ако ја има), тип на тело, тип на метаболизам, која е целта која се посакува да се постигне и така натаму, но генерално тоа би изгледало вака:

  • 4-5-6 помали но пофрекветни оброци во текот на денот
  • 35% протеини –  40% јагленохидрати –  25% масти (процентуално, од вкупниот дневен калориски внес; секако ова варира од индивидуа до индивидуа, како што е наведено погоре)
  • 3-6 литри литри течности распределени во денот
  • конзумирање на мултивитамински, омега 3-6-9 суплементи

2297540184597943747blFTYBJc

Функцијата на храната не е за задоволување на емотивни и психолошки потреби – нејзината функција е за правилно градење, регенерирање и одржување на човечкиот систем како целина. Ако човечкиот организам го замислиме како голема кула од карти, исхраната би била најдолниот ред кој е воедно од најголема важност, кој кога би бил растурен, полека но сигурно ќе повлече се заедно со себе.

Јадете ја храната според функцијата, а не вкусот. Хранете се здраво (балансирано), бидете физички активни, изгледајте убаво и бидете здрави!

- Реклама -