FitnessCorner: Девојки, сакате совршено обликуван задник ?

Од мое искуство, најголем процент на митовите и заблудите околу вежбањето во теретана и обликувањето на телото се најзастапени кај женскиот пол.

Не секоја жена е “благословена” со добро оформен задник – но тоа не значи дека и не може да се стигне до истиот. Никој не сака сплескан, спуштен задник. Како до негово оформување? Продолжете да читате!
Не сакам да звучам демотивационо, но сите оние домашни вежби со кревање на нозете за задник, машини за домашна употреба кои чинат многу, сите видеа на youtube кои со сигурност ви ветуваат совршен задник за само 10 минути дневно се во голема мера, залудно трошење на скапоцено време. За индивидуа која никогаш не била претходно физичка активна, секако дека ќе види некоја минимална промена и разлика, тоа е сигурно. Но, ќе помине многу малку време додека прогресот не запре.

12023170_10153466569930617_181246854_n
Мускулите на задникот се најголемите во нашето тело и во нивниот состав се – Gluteus Maximus, Gluteus Medius & Gluteus Мinimus. (Gluteus Maximus е најголем од нив). Како и секој голем мускул во нашето тело, за тој да расте и обликува потребен е СТИМУЛ, и тоа стимул со додатна тежина, не со сопствената. ЕДИНСТВЕН НАЧИН за да го обликувате вашиот задник и нозе е преку додатен отпор, т.е преку докажаните вежби како што се чучњеви (squats), расчекор (lunges), мртво кревање (deadlifts) и останати вежби кои се доволно тешки за да бидат стимулативни на мускулите на нозете. Убаво обликувани нозе и задник, не може а да останат незабележани и преку вашиот омилен фустан, здолниште или тренерки за џогинг!

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

1609854_704762093003523_7559306357484345655_n

Претпоставувам дека некоја девојка со читање на постов ќе си помисли – “Но јас не сакам да вежбам со тегови, не сакам да се проширам во колковите….”. Верувајте ми, ширината и обликот на колковите е ГЕНЕТСКИ. Вежбале или не, вашите колкови ќе го добијат оној облик кој е генетски преодреден. Вишокот килограми, кои се благодарение на лошиот начин на исхрана може да допридонесе до визуелниот ефект “пошироки колкови” поради таложење на телесни масти околу бутовите и задникот.

Не чекајте од понеделник или од први, на вашиот нов изглед може да почнете да работите уште од денес, само треба да одлучите!

[youtube]https://youtu.be/tuTmfGpBbPQ[/youtube]

 

 

- Реклама -