Финска го затвори последниот отворен граничен премин со Русија

Финска, членка на НАТО, денеска го затвори последниот преостанат граничен премин со Русија, со која дели копнена граница долга 1.340 километри.

Претходниот ден владата на финскиот премиер Петери Орпо одлучи привремено да ја затвори целата граница, бидејќи смета дека Москва ги користи мигрантите за да ја дестабилизира нордиската земја во наводен чин на „хибридна војна“.

Финска ги затвораше еден по друг граничните премини, а во изминатата недела затвори три од преостанатите четири отворени, а до денес сè уште беше во функција само Раја-Јосепи во финскиот арктички регион Лапонија, на 250 километри од Мурманск во северна Русија.

Раја-Јосепи беше затворен во 14 часот по локално време, според вообичаениот распоред.

Прочитајте и:  Зеленски: Украина може годишно да произведува четири милиони дронови

МИА

- Реклама -