Филмот што ги поттикна нападите на амбасадите од САД бил нарачан

Откако во добро координираниот напад на конзулатот на САД во Бенгази беше убиен американскиот амбасадор во Либија, Крис Стивенс, ФБИ поведе истрага за случувањата, резултатот од таа истрага зачуди многумина. Филмот всушност бил нарачан за да ги поттикне немирите или да го оправда нападот на амбасадорот во Либија.

Како што веќе пишавме, филмот „Невиноста на муслиманите“ во кој отворено, на речиси детски начин се навредува целиот исламски систем на верувања, особено пророкот Мухамед, кој  е претставен како измамник кој постојано има секс; има исклучително лоша продукција, низок квалитет на снимките, ужасни аудио елементи и приказна што се чини дека е пишувана од првоодделенче. Сето тоа ги навело американските власти да се посомневаат во автентичноста.

Уште посомнителен е фактот што наводниот режисер, Сем Басиле, се декларирал себеси како „Евреин роден во Израел, но сегашен горд Американец“, што нормално убива две муви со еден удар, т.е. ја разгорува омразата во арапскиот свет и кон Американците и кон Израелците. Откако никој не успеал да го пронајде Сем Басиле во датабазата на режисери или продуценти во филмската индустрија, се појавил „негов пријател“ кој го оправдал квалитетот на филмот со тоа што Басиле всушност работел како брокер за недвижнини во Калифорнија.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

И таа информација се покажала како неточна. Сем Басиле не е ништо повеќе од псевдоним и никој не знае кој стои зад филмот, за кој наводно се потрошени 5 милиони долари.

Сомнежите одат во насока дека ова „уметничко дело“ било искористено за оправдување на нападот на американскиот амбасадор во Либија, Крис Стивенс, а неговото појавување е премногу добро координирано со нападот, за да биде случајно. Ова станува особено чудно ако се знае дека првите снимки од „филмот“ се појавиле на египетска про-исламистичка телевизија, по што биле објавени и на YouTube.

Одговорноста за нападот и убиството на амбасадорот, заедно со придружниот персонал, ја презеде Ал Каеда. Ајман ал Завахири, новиот водач на најпознатата терористичка организација, го испланирал нападот со ракетни фрлачи и одлична координација за заобиколување на обезбедувањето, во само 10 минути. Целата акција е премногу добро изведена за да биде „спонтан протест“. Нападот веројатно е одмазда за елиминирањето на висок член на Ал Каеда во Либија, од страна на Америкаците.

Дали можеби филмот „Невиноста на муслиманите“ е нарачан од терористичката организација? ФБИ и натаму ја истражува можноста, а времето ќе покаже каде се крие вистината. [U.S. officials: Attack on consulate in Libya may have been planned]

- Реклама -