Филмот поради кој беше убиен американскиот амбасадор во Либија (видео)

Режисерот на контроверзниот филм во кој се навредува исламскиот пророк Мухамед, Сем Басиле, исчезна, откако неговото дело предизвика напади на амбасадите на САД во Египет и Либија, при што беше убиен и амбасадорот во Бенгази, Крис Стивенс.

На YouTube се појави трејлер од нешто преку 13 минути, од филмот што трае 2 часа и за чие снимање биле потрошени неверојатни 5 милиони долари. Зошто е ова неверојатно ќе сфатите откако ќе погледнете барем една сцена од ужасната продукција. Без разлика на политичкиот контекст, останува впечатокот дека петгодишни деца со своите мобилни телефони би можеле да снимат поквалитетен филм.

{youtube}qmodVun16Q4{/youtube}

- Реклама -