Филипче: Засега не е предвидено вакцината против Ковид-19 да биде задолжителна

Непочитување на мерките против ширење на коронавирусот има низ целата држава и тоа резултира со зголемен број кластери и нови заболени, вели министерот за здравство Венко Филипче. Очигледно е дека вирусот е тука и очигледно е дека кога граѓаните не се придржуваат до мерките, се појавуваат нови случаи и кластери, додава.

„Морам да апелирам сите да се придржуваат до мерките (дистанца, носење на заштитна маска) бидејки тоа штити од другите болести кои доаѓаат и од преоптварување на здравствениот систем. Граѓаните, почитувајќи ги мерките, тоа ќе го олеснат“, порачува министерот, потенцирајќи дека од примерите на другите земји евидентно е дека мора да сме подготвени.

Според Филипче, вакцина против Ковид-19 би можело да се очекува да биде достапна не пред почетокот на идната година. Притоа, тој потенцира дека засега не е предвидено истата да биде задолжителна.

Прочитајте и:  Филипче: Ги исцпривме сите механизми за свикување на Комисијата за Законот за бранителите, сега ќе видиме што ќе се случи

Претходно тој истакна дека преку COVAX системот, кој обезбедува рамноправна дистрибуција, Македонија навремено ќе добие соодветна количина на вакцина, штом таа ќе биде достапна. Според проценките на експертите, посочи Филипче, првичниот таргет ќе биде да се вакцинира 20% од населението, а во таа група влегуваат постарите, хронично болните, децата итн. Ризичните групи ќе бидат приоритет при вакцинирањето, но македонските здравствени власти и експерти продолжуваат да ги следат и новите сознанија и препораки, истакна тој.

 

- Реклама -