Филипче: Заемот од Унгарија е голем корупциски проект којшто е озаконет

Се носи еден таков сериозен закон по скратена постапка за да нема доволно време за дискусија, ниту за анализа од страна на експертите и експертската јавност, оценува лидерот на СДСМ Венко Филипче за законот за заем од Унгарија којшто е во собраниска процедура по скратена постапка.

– Тој закон помина на Влада на 3 септември и очигледно дека цела недела и повеќе се крие од јавноста. Се поставува прашањето зошто се обидуваат на таков шверцерски начин тој закон да го протнат во Собранието по скратена постапка, рече Филипче.

Според него, корупцијата во овој закон се гледа во тоа што фирмата која ќе биде одговорна за провизиите ја назначува унгарската банка која што ги дава парите.

Прочитајте и:  Мицкоски: Трошоците за провизија за правни услуги за заемот од Унгарија се десет пати пониски од она што досега се плаќало

– Секогаш кога имало некоја меѓународна куќа, таа била етаблирана, позната меѓународна куќа и ја обезбедувала државата со цел да се заштити. Сега некој друг ни кажува кои адвокати и која фирма ќе ги земат тие провизии. За жал, сметам дека ова е еден голем корупциски проект којшто е озаконет, генерации и генерации ќе плаќаат понатаму камати. Многу внимателно ќе следиме кои ќе бидат тие фирми и ќе бидат одговорни за провизиите со цел сите работи кои ќе ги откриваме да ги презентираме во јавноста, рече Филипче.

- Реклама -