Филипче и МЗ демантираат: Мaнипулaциja е дека имаме најголема смртност, таа е далеку под европскиот и светскиот просек

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки, реагираат Министерството за здравство и министерот Венко Филипче.

„Не разбирам како може да се манипулира и политизира оваа бројка, но должен сум да ја споделам вистината. Не е точно дека смртноста од коронавирусот во земјава е највисока во регионот. Таа е исто така далеку под европскиот и светскиот просек“, напиша Филипче на друштвените мрежи.

„Дополнително, кај нас за разлика од многу други земји, се зема постмортем брис на лицата кои починале со симптоматологија на болеста. Ова е одговорна стратегија затоа што на овој начин ги изолираме контактите на починатиот и превенираме понатамошно ширење на епидемијата. Ако од вкупната бројка на починати од ковид-19 се изземат позитивните резултати постмортем, стапката на смртност во земјата би била уште пониска“, категоричен е тој и додава:

Прочитајте и:  Градоначалничката Арсовска со отворено писмо до Мицкоски: Набавете автобуси, ние ќе ви ги префрлиме потребните средства

„Апелирам да престанат деструктивно да делуваат и да ја политизираат темата со коронавирусот. Здравствените власти транспарентно и навремено информираат од почеток на кризата. Сите информации кои ги објавуваме се точни, а статистиките се изработени согласно препораките на меѓународните здравствени институции“.

- Реклама -