Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека во Украина се борат „нацистички трупи“, но меѓународната заедница тоа не го забележува.
-Сите зборуваме за фашизам, нацизам, а истовремено тивко толерираме војници со многу јасни ознаки да трчаат низ Украина, поврзани со движења кои денес ги сметаме за опасни и забранети. Бидејќи ова е геополитичка битка, тие не некому му пречи, изјави Фицо при посетата на Музејот на холокаустот во словачкиот град Серед, пренесува ТАСР.
Словачкиот премиер посочи дека светот е полн со лаги, бидејќи, како што наведе, „од една страна меѓународната заедница зборува за злосторства, а од друга сè повеќе прави компромиси со кои се навредува положбата на жртвите на холокаустот и расно насилство“.
-Меѓународната заедница мора да признае дека е невозможно да се дозволи во Украина да се борат војници кои користат нацистички симболи и често пати да се однесуваат соодветно на тоа, додаде Фицо.
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека Киев е разочаран од изјавата на премиерот на Словачка Роберт Фиц за војниците на вооружените сили на Украина, која, како што велат, „противречи на постојното ниво на доверба и соработка меѓу Украина и Словачка“.
Оттаму напоменуваат дека украинските војници моментално ги бранат своите најблиски, домови и земја, „како и цела Европа и слободниот свет од руските напаѓачи, означени со латинските букви „З“, симбол, како што го нарекуваат, на „фашистичката естетика на современа Русија“.
„За Украинците, спротивставувањето на руската агресија е продолжение на историјата на отпорот на нашиот народ кон тоталитарните режими од минатиот век“, се наведува во соопштението на украинското МНР.