Fiat има намера да го премести своето седиште од Торино во Холандија, каде што Италијанците се надеваат да плаќаат пониски даноци. Експертите сметаат дека веста ќе ги разбранува инвеститорите на компанијата, како и од Chrysler.Веќе е донесена одлука за преструктуирање од Управниот одбор на италијанскиот концерн каде е ставен на тапет и овој предлог. Може да се очекува дека групата ќе формира седиште и во Велика Британија, со новото име Fiat Chrysler Automobiles (FCA), се вели во соопштението.
-Со создавање на Fiat Chrysler Automobiles започнува ново поглавје во нашата историја, изјави Џон Елкан, претседател на бордот на директори на Fiat. Ваквите одлуки се неминовни за ако сакаме поблескава иднина!
Реструктуирањето во рамките на компанијата значи дека илјадници Италијанци ќе останат без работа. Официјално во главните погони на фабрика на Fiat во Мирафиори има 5500 вработени, десет пати помалку отколку во главната фабрика на VW во Волфсбург. Со падот во продажбата на автомобилската компанија во Европа, предградието на Торино се деиндустриализира. Тренд кој според експертите ја опфати цела Италија.
-Ситуацијата во Италија се влошува, вели индустрискиот експерт Штефан Братцел, професор на Center of Automotive на Универзитетот во Берген Гладбах, за весникот Handelsblatt. Конкуренцијата од Азија и Источна Европа станува се посилна и се заканува на многу компании, па и на основната дејност на Fiat.