Фиат ги објави првите информации за обновената верзија на хит моделот 500. Главните промени во симпатичниот автомобил се поврзани со промоцијата на шест нови бои, воведување на две нови верзии и неколку други стилски подобрувања.
Од лансирањето на пазарот во 2007 година, до сега, Фиат 500 е реализиран во над 800.000 единици. Фиат 500 е достапен на пазарите во 110 земји во целиот свет и неговото семејство се зголемува постојано. Најновото засилување е повеќенаменски верзија 500L претставена официјално за време на овогодинешниот салон во Женева.
Откако ќе биде лансиран на европскиот пазар, следната година автомобилот ќе стане достапен и на потрошувачите во САД. До крајот на оваа година очекуваме да биде претставена и целосно електрична верзија на Фиат 500.
Дизајнерски гледано моделот нема некои особени корекции, но има одредени модификации и имплементирани се неколку новоразвиени технолошки решенија. Тоа, како и фактот што Fiat 500 за моделската 2013 ќе се нуди со избор меѓу седум нивоа на опременост Pop, Pop Star, Color Therapy, Lounge, Street, Rock и By Gucci, потоа пет агрегати, како и неколку нови дизајна на 15-инчните фелни, придонесува да му се обрне внимание.
Објавено во соработка со Авто Плус.