Ferrari развива нова платформа

3c71d61f-9d8a-41b2-af69-7911eb66f556_790[1]

Ferrari започнува постепено со подготовките за следната генерација модели. Италијанците имаат склучено договор со фирмата Altair Product Design за заедничка работа на нова платформа за своите нови изведби.

Altair Product Design се добро познат партнер на Ferrari, досега му помагале на производителот од Маранело со многу инженеринг ресурси. Всушност, актуелниот предводник LaFerrari e развиен со нивна помош. Се очекува двете страни да работат заедно и на новиот наследник на хибридната машина. Automotive News известува дека новата архитектура ќе биде до 15% полесна од сегашната, а истовремено ќе нуди до 20% подобрување во однос на цврстината, вибрациите и бучавата.

Иако пониската цена на производи од марката Ferrari не е суштинско нешто, изданието тврди уште дека новата платформа ќе помогне за благо намалување на цените на крајните производи на компанијата со „коњчето во скок“.

Автоплус

- Реклама -