Ferrari најави дека ќе претстави специјален модел во Северна Америка, со кој треба да ја одбележи 60-годишнината на брендот.
Ова го соопшти директорот во заминување, но сепак се уште актуелен шеф на брендот, Лука ди Монтеѕемоло кој додаде дека производителот од Маранело во оваа чест подготвува и серија на интересни настани на континентот преку Океанот. Според некои неофицијални информмации се предвидува голема средба се голем дел од сопствениците на Ferrari во САД, потоа фанови на марката и добротворна акција.
Се уште нема детали и дури прелиминарни коментари каков автомобил точно се подготвува. Можна е специјална верзија на 458 Italia, а единственото што е потврдено дека серијата ќе биде ограничена на 10 примероци.