Америка се разбуди со сознанието дека иднината навистина е портокалова, и дека Трамп во улога на претседател не е веќе само епизода од Симпсонови.
Сега не ни бега да видиме дали навистина Трамп ќе биде најлошиот на сите времиња и можеби новиот Антихрист, како што предвидуваа некои, или можеби сосема спротивното – пристоен претседател на најголемата светска сила. Со тоа ќе видиме и дали овие очајни лица на дел од Американците што не го сакаа за претседател се оправдани.