„Фати ја Кајла“ – извонредно емотивна приказна за маратонката што не може да запре без да ја фати тренерот

Кајла Монтгомери е една од најбрзите маратонки во тинејџерската класа. Но, пред се, таа е инспирација. Тоа се должи на нејзината приказна за успехот, на нејзината желба и храброст, на нејзината победа врз страшната болест која и ден-денес се манифестира за време на самите трки.

На почетокот, Кајла била сосема нормално дете, иако малку повлечена. Најмногу сакала да си игра сама, при што доаѓал до израз нејзиниот уметнички дух. Бидејќи била премногу срамежлива, нејзините родители ја насочиле кон спортот. И не згрешиле. Веќе на 14 години, таа била дел од средношколскиот женски фудбалски тим, а фудбалот станал нејзиниот омилен спорт.

unnamed

„Бев многу агресивна и од време на време добивав предупредувања од судиите. Но, беше забавно.“ – вели таа.

Но, тогаш почнала да забележува дека нешто не во ред со нејзините нозе.

„Паднав за време на еден од натпреварите. Вечерта почнав да чувствувам чудна сензација во нозете. И реков на мајка ми: Не си ги чувствувам стапалата! Имам некој чуден шок! Не знам што се случува!“

По посетата на доктор и анализата на тестирањата, докторот ги соопштил лошите вести – Кајла имала мултиплекс склероза.

Тоа е болест при која имуниот систем на телото го напаѓа сопствениот нервен систем, предизвикувајќи проблеми во моторичката координација на мускулите и движењето.

Нејзината мајка, која работела како домашна посета за стари лица, била шокирана. Нејзината асоцијација на мултипла склероза биле инвалидски колички, болнички кревети, хранење преку цевка, парализа – се она што таа никогаш не го планирала за своето дете.

„Постојано плачев. Не пуштав никого во мојата соба. Само сакав да бидам сама. И… бев ЛУТА. Бев навистина лута. Не можев да разберам зошто вакво нешто би можело да ми се случи токму мене. Не ми текнуваше на ништо што сум згрешила. Зошто сум казнета? Зошто се случува ова?“ – раскажува Кајла.

Цели 8 месеци, таа немала никакво чувство во нозете. Со помош на лековите, чувството почнало да се враќа. Се разбира, веќе не можела да продолжи со фудбалот, па се ориентирала на трчање. Имала неверојатна среќа да најде тренер кој верувал дека таа може да успее и покрај болеста.

kaylamont[1]

Како што раскажува, таа сметала дека следните години не и е гарантирано дека ќе може да трча. Затоа сакала да го искористи секој ден што и преостанал.

„Дојде и ми рече: Сакам да трчам. Сакам да трчам брзо и да не ме штедиш“ – вели нејзиниот тренер. На прашањето како би ја опишал како тркач-почетник, тој вели „просечна, во најдобар случај“.

Но, нејзиното тркачко искуство едноставно не може да се опише со малку зборови, најмалку со „просечно“. На прашањето: „Што чувствуваш?“, Кајла ќе ви рече: „Ништо. Започнува од палците и се шири нагоре. Останува така се додека трчам, до крајот на трката“.

Како и за многу пациенти, и за Кајла, топлината е тригер кој прави симптомите привремено да и се вратат. Како што расте температурата во нејзиното тело, чувството во нозете отапува, се додека целосно го снема.

Таа е сведок за тоа колку е чудно кога знаеш дека нозете ти работат, а не знаеш каде одат и колку брзо. „Само знаеш дека се случува“. Многумина сметаат дека тоа и дава нефер предност пред другите, затоа што отсуството на чувство значи и отсуство на болка. Но, Кајла не се согласува. Според неа, да не знаеш колку брзо трчаш е исто толку недостаток при трчањето, колку што е и болката. „Не ја чувствувам болката во нозете, но ги чувствувам сите други неудобности од тоа нозете сами да ти се движат“, објаснува.

kayla_montgomery_racing1[1]

Со време, таа научила да го одржува темпото. Од бавен тркач, станала брз. Па станала најдобра во тимот, а подоцна и започнала целосни тренинзи со машкиот тркачки тим. Денес е најбрзата девојка во Северна Каролина.

За сето време, тука е тренерот, за кого мајката ќе рече дека ја „туркал“ и мотивирал Кајла токму колку што и било потребно. За Кајла, пак, тој е како татко. Секој ден ја мотивира да ги надмине своите граници, а таа му верува со својот живот.

И како да не е случајно, после секоја трка, тие двајца завршуваат во прегратка. Но, не баш онаа славеничка. Тоа што Кајла нема чувство во нозете ја спречува да го искоординира запирањето. Тренерот мора да ја фати, во спротивно големи се шансите дека ќе се повреди. И секој пат, и двајцата поминуваат низ истата агонија – кога Кајла моли за помош и за тоа да и се вратат нозете.

„Едноставно, и треба помош. На крајот на секоја трка, постои период во кој Кајла е беспомошна“, објаснува тренерот. Целта е што побрзо да го олади телото – со намалувањето на температурата, чувството започнува да и се враќа. Ништо од ова не остава трајни последици по нејзиното здравје, но тоа е трајната цена што Кајла мора одново и одново да ја плаќа ако сака да продолжи да трча.

kayla-fall

„Тешко ми е да ја гледам таква. Секогаш кога така ќе се сруши, се потсетувам дека има мултиплекс склероза“, вели нејзиниот татко.

Па, зошто тогаш трча?

„Мислам дека го правам тоа затоа што ме прави среќна. Ме прави да се чувствувам нормална и… цела. Тешко е да живееш со болест во која телото ти се бори против самото себе. Кога трчам, чувствувам дека возвраќам. Се чувствувам безбедна од самата себе. Се додека трчам, се е во ред“.

Најголемиот предизвик, Карла го имаше во мај, на сениорскиот шампионат. Тоа беше нејзината последна средношколска трка, последната трка во која ќе го има омилениот тренер да ја дочека на финиш-линијата. Падна.

„Си се насмеав во себе. Си помислив, колку иронично“. Но, кога ќе паднеш, мораш да станеш, а тоа што падот се случи во првиот круг значеше само едно – дека Карла се уште не го изгубила чувството во нозете и дека ќе стане. А кога тоа се случи, Карла успеа да ја надокнади огромната разлика и со најбрзиот спринт во својот живот – да заврши во прегратките на тренерот и на првото место на пиедесталот.

Screen-Shot-2014-11-26-at-9.05.12-PM[1]

„Само сакам да продолжам да трчам што подолго можам. А ако еден ден веќе не сум способна, сакам барем да погледнам назад и да си речам: Кога можев, дадов се од себе“.

- Реклама -