Фајнер: Целта на САД е во 2024-та да ја стават Русија пред избор – преговори за мир или да се соочи со многу посилна Украина

Вашингтон планира да ја стави Москва пред избор – или да оди на преговори или „тие ќе имаат работа со многу посилна Украина, потпрена на многу помоќна индустриска база во САД и Европа“, изјави Џонатан Фајнер, заменик помошник на советникот за национална безбедност на претседателот на САД.

Според него, тогаш и Украина би била подготвена и „способна за нови офанзиви“.

„САД имаат за цел да ја натераат Русија да оди на мировни преговори кон крајот на 2024 година и тоа под услови прифатливи за Украина, со почитување на Декларацијата на ОН во однос на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата“, изјави Фајнер синоќа во интервју за Пи-Би-Ес.

Прочитајте и:  Трамп: „Среќен Ден на благодарноста на сите, вклучително и на радикално левите лудаци“

Според него, во 2024 година САД, Европа и самата Украина, ќе ги зголемат капацитетите на нивните воено-индустриски комплекси.

„Се водат работи на зголемување на обемите на одбранбеното производство и на украинските фабрики“, рече тој, додавајќи дека слични напори се преземаат и во Европа.

Фајнер верува дека за година, година и пол, западните земји ќе стојат „на многу поцврсти темели отколку сега“.

МИА

- Реклама -