„Facebook“ ја губи судската битка за „Timeline“?

Социјалната мрежа „Facebook“ и истоимената компанија која стои зад неа ќе мораат да размислат за судбината на „Timeline“ изумот кој не е нивен, и за кој најверојатно, веќе нема ниту да имаат право.

„Милиони луѓе секојдневно го уредуваат својот живот на Facebook и до сега немаа увид да разгледаат што им се случувало порано. Работевме на „Timeline“ цела година. Тоа е приказна за нашите животи и сосема нов начин да се изразиме себе“, изјави основачот Марк Цукерберг на конференцијата во Сан Франциско во 2011-та година.

Во таа прилика тој го претстави „Timeline“ како еден од клучните новитети во „Facebook“ ерата. Но, како што неодамна се испостави, Timeline и не е целосно нов.

Имено, судот во Чикаго овие денови одлучува за решението на спорот помеѓу Facebook И компанијата која во 2009-та година ја водеше интернет страната Timelines, и на сличен начин како Facebook хронолошки ги уредува податоците од животите на корисниците.

Како што стојат работите за сега, судијата Џон Дара смета дека Facebook не вовел многу новитети во својот Timeline и дека би можеле да го претстават како оригинално свој производ.

Претстојното рочиште е закажано за првата седмица од април, но како што пренесуваат медиумите, голема е шансата „Facebook“ да треба дополнително да го „доработи и промени“ Timeline, доколку сака да го задржи како едно од оригиналните одбележја.

- Реклама -