Гигантот Apple веќе на големо се подготвува за своите следни уреди кои според гласините треба да ги претстави во септември и тоа: моќниот iPhone 5Ѕ и евтиниот модел на iPhone.
Според информациите кои се шпекулираат до сега, евтината верзија на iPhone ќе биде достапна во повеќе бои и ќе биде направена од пластика, а од најновата слика која се појави денес може да се заклучи дека овој модел ќе биде познат и под името ‘iPhone 5C’.
Сликата на која се гледаат пластични материјали за пакување со името ‘iPhone 5C’ е објавена на јапонски блог, а според 9to5mac буквата ‘C’ означува ‘Color-Боја’ бидејќи евтиниот iPhone се очекува да пристигне во повеќе бои, или пак може да значи ‘Cheap-Евтин’ бидејќи се работи за евтин iPhone. Сепак, од перспектива на маркетингот сметаме дека ознаката за ‘Боја’ е посоодветна отколку онаа за ‘Евтин’ уред.
[youtube]http://youtu.be/ItMRLjiIOik[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk