Eвтин Опел или преправен Шевролет?

На интернет се појавија првите шпионски фотографии на претстојниот најевтин Opel. Како што веќе е познато, буџетскиот автомобил ќе го носи називот Karl, а целта на Германците е да интервенираат во т.н. сегмент low-cost и да се спротивстават на Dacia Sandero и Hyundai i10.

Автомобилот е откриен од папараците за прв пат кога се појавил на време на  тестовите по патната мрежа, но како што се гледа од фотографиите се уште е покриен со камуфлажа. Во оваа фаза е познато дека од Opel ќе го покажат моделот за време на салонот во Женева, во март идната година. Иако маскирн сепак веќе можат да бидат направени некои заклучоци за изгледот на автомобилот.
Предниот дел ќе ги позајмува цртите на двата модели – Adam и Corsa, а должината на Karl ќе е 3.68 метри. Цената нема да надминува 10.000 евра, што ќе биде постигната со употребата на максимумот од постојната технолошка база на Chevrolet Spark, кој пак е наследник на корејската Daewoo Matiz. Претходник на Matiz е Daewoo Tico, што од своја страна е копија на Suzuki Alto од 80-тите години на минатиот век. И сето тоа е под капата на GM.
За жал ниту еден од претходниците не се покажа успешен модел во Европа, што според многумина од експертите во индустријата, става одредени прашалници врз иднина на Karl. Одговорните лица од Риселсхајм сметаат да ги побијат.

 

- Реклама -