Home Астал Европската комисија обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија

Европската комисија обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија

0
Европската комисија обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија

Севкупно, од 2020 година ЕУ има исплатено околу 210 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија. Тука е вклучена и оваа исплата од 50 милиони евра

Европската комисија оваа недела одобри заем во износ од 50 милиони евра за Северна Македонија. Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата.

„Помошта обезбедува дополнителна поддршка за Северна Македонија, чија економија беше сериозно погодена од неодамнешната енергетска криза, што беше предизвикана од целосната инвазија на Русија врз Украина. Оваа помош ќе ја поддржи макроекономската стабилност и ќе обезбеди понатамошни реформи заедно со тековната програма на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Северна Македонија. Тоа ќе ѝ помогне на Северна Македонија да напредува на нејзиниот европски пат“,

стои во соопштението на ЕУ. 

Ослободувањето на овие средства, се додава во соопштението, доаѓа откако Комисијата утврдила дека Северна Македонија ги исполнила релевантните политички обврски договорени со ЕУ за исплата на првата транша.

„Северна Македонија постигна напредок во областа на јавните финансии со формирање независен Фискален совет и со зајакнување на управувањето со јавните инвестиции. За да ги зголеми јавните приходи, Северна Македонија усвои мерки за даночна политика со кои се проширува даночната основа. Владата исто така направи дополнителен напредок кон формализирање на неформалната економија и презеде мерки за подобрување на енергетската ефикасност. Најпосле, Владата го зајакна судството со нова Стратегија за реформи во правосудството“,

велат од Брисел.

Целокупната тековна макрофинансиска помош за Северна Македонија е вредна 100 милиони евра во форма на заеми. По исплатата на оваа прва транша од 50 милиони евра, останува достапна втора транша од истиот износ, во зависност од напредокот на договорените услови. 

Севкупно, од 2020 година ЕУ има исплатено околу 210 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија. Тука е вклучена и оваа исплата од 50 милиони евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here