Европска комисија: „Бугарија и Северна Македонија да избегнуваат непотребни тензии“

Бугарија и Северна Македонија да промовираат атмосфера на дијалог и да избегнуваат непотребни тензии, повика Европската комисија во одговор за бугарската БНТ во врска со последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје.0

„Многу внимателно го следиме развојот на настаните поврзани со односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Европската комисија потсетува на важноста на добрососедските односи. Во овој контекст, потребни се напори од сите страни да се промовира атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да се избегнуваат непотребни тензиии“, истакнале од ЕК за БНТ.

Брисел, меѓутоа, одбил да ги коментира случувањата на границата на 4 февраури, со образложение дека не коментираат тековни истраги или правни постапки.

Прочитајте и:  Демократски сојуз: Времето на уцени од Радев заврши

Извор: МИА

- Реклама -