ЕВРО2024: Спречен влез на 37 хулигани

Полицијата во германската покраина Баварија, која патролира на границите со Австрија и Чешка, спречи влез на 37 лица осомничени дека се агресивни фудбалски хулигани, соопшти денеска полицијата во Минхен.

Дополнителните гранични контроли беа повторно воведени на 7 јуни по повод Европското фудбалско првенство.

Други 186 лица беа уапсени на граничните премини, откако е утврдено дека се бараат по потерници

Според организаторите, досега на ЕВРО2024 во Германија нема сериозни проблеми со однесувањето на навивачите.

- Реклама -