Evoque во кабриолет изведба

Кабрио верзијата на хит моделот Range Rover Evoque беше претставена пред една година за време на автомобилскиот салон во Женева. Идејата на британската марка беше да покаже концепт на овој модел, за да види како ќе го прифати публиката.

Реакциите беа позитивни и моделот ќе биде произведуван сериски. Според информациите, отворената верзија на Range Rover Evoque ќе биде достапна во салоните на брендот следната година. Моделот ќе биде базиран на верзијата на Evoque со три врати, а ќе добие мек покрив – токму како концептот од Женева.

953_cabrio-470-1

Што се однесува до моторите, тие ќе бидат слични со оние кој се достапни во моментов во верзиите на Evoque – дизел со моќност од 150 и 190 КЅ, и бензински – 240 КЅ. Разлика, сепак, ќе има во цената која ќе биде околу 10-15% повисока. Evoque Convertible нема да биде првиот таков модел на пазарот. Nissan Murano CrossCabriolet се продава веќе две години, а неговите творци се надеваат на исклучително добар прием.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -