Еве зошто Ferrari не се остава навечер на улица

Постои добра причина зошто ексклузивните спортски автомобили навечер треба да се оставаат на надгледувани паркинзи или во гаража. Еден Германец оваа животна лекција ја научи на потешкиот начин.

Несреќникот, својот автомобил Ferrari California, го паркирал пред ресторан во Хамбург, а по неколку чаши виски одлучил дека најпаметно би било дома да се врати со такси.

Кога наредниот ден дошол по автомобилот, го пронашол поставен на цигли како во Алан Фордстрип. Под превезот на ноќта крадци ги украле бандажите и гумите.

Штетата била проценета на 10.000 евра.

- Реклама -