ЕУ размислува да го замени рускиот течен гас со американски гас, објави Урсула фон дер Лајен

Европската унија може да ја разгледа можноста за замена на увозот на руски течен природен гас со увоз од САД, изјави пред новинарите претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по неформалниот самит на ЕУ во Будимпешта.

„Сè уште добиваме големи количини течен природен гас од Русија. Зошто да не го замениме со американски гас, кој за нас е поевтин и ќе ја намали цената на енергијата“, рече Фон дер Лајен.

Таа посочи дека пристапот на ЕУ кон трговијата откако Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата ќе биде да изнајдат заеднички ангажмани и заемни интереси и да се преговара.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон
- Реклама -