ЕУ од понеделник воведува санкции за Хамас

Европската унија в понеделник ќе усвои санкции против Хамас како одговор на смртоносниот напад на палестинската група врз Израел на 7 октомври, соопшти денеска Франција.

Брисел ќе усвои „режим на санкции против Хамас“, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Кристоф Лемоан. Тој нагласи дека тие ќе бидат насочени кон „поединци и трансфери на средства“.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег
- Реклама -