ЕУ обезбеди 194 милиони евра за обука на украинските војници

Европската унија се согласи да обезбеди дополнителни 194 милиони евра (213 милиони долари) за опрема и обука на украинските војници.

Финансиската „инјекција“ има за цел да им помогне на земјите од ЕУ да го обезбедат потребниот материјал, објавија во вторникот земјите од ЕУ.

Парите се канализираат преку Мисијата за воена помош на Европската унија (ЕУМАМ) за поддршка на Украина.

Според достапните информации, повеќе од 34.000 војници веќе се обучени во рамките на оваа програма.

Мисијата за обука на ЕУ беше договорена минатата година од министрите за надворешни работи на земјите-членки.

МИА

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна
- Реклама -