ЕУ и Јужна Кореја бараат Северна Кореја да ги повлече трупите од Украина

Јужна Кореја и Европската Унија денеска заеднички го осудија фактот дека Северна Кореја ја снабдува Москва со оружје и побараа повлекување на трупите кои таму ги испратила додека Русија води војна со Украина.

ЕУ и Јужна Кореја одржаа во Сеул прв состанок на „стратешкиот дијалог” не долго по алармирањето на светот од страна на Вашингтон и Сеул за тоа дека Северна Кореја испраќа војници за помош на Русија.

Во заедничката изјава, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, и јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Тае-Јул, ги осудија „нелегалните трансфери на оружје на Северна Кореја за Руската Федерација за употреба во нападите врз Украина“. Тие побараа прекин на „нелегалната воена соработка“ и повлекување на севернокорејските воени сили.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална

Борел се сретна и со јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Јонг-Хјун. „Руската агресија против Украина е егзистенцијална закана“, напиша Борел во објавата на „Икс“, покрај фотографијата на која се ракува со Ким.  „Република Кореја најдобро може да го разбере ова. Ние сме обединети во поддршката на Украина“.

Двете земји потпишаа и документ за безбедносно и одбранбено партнерство кој опфаќа 15 области. Меѓу нив се кибер безбедноста и разоружувањето.

- Реклама -