ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција во Рафа

Европската унија денеска го повика Израел „веднаш“ да ја прекине својата воена операција во градот Рафа во Појасот Газа, предупредувајќи дека доколку не го стори тоа ќе ги поткопа врските со блокот.

„Доколку Израел продолжи со својата воена операција во Рафа, тоа неизбежно ќе стави силно оптоварување на односите на ЕУ со Израел“, се вели во изјавата објавена во името на ЕУ од нејзиниот шеф за надворешна политика Жозеп Борел. 

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -