Еспресо машина за во автомобилот

Веќе можете да имате квалитетно еспресо и во вашиот автомобил.

 Handpresso Auto- Portable Espresso Machine е пренослива еспресо машина која може да се користи во автомобилот или каде и да сакате. Таа е произведена од француска компанија која што тврди дека ова е иднината на еспресо машините.

Ставате вода и кафе по ваш избор, а потоа го притискате  копчето. Машината ја топли водата и создава  чудесно еспресо. Потоа чекате сигнал три пати и кафето ви е готово.

Постојат неколку варијанти на моделот, а цените се движат од 149 до 1999 евра. . 

Ние порачуваме да не го одвлекувате вниманието додека возите. Препуштете му ја оваа задача на сувозачот, а доколку возите сами, застанете па подгответе го кафето, седнете и уживајте, па потоа продолжете кон саканата дестинација.

6 5 4 3 2 1

 

 

 

- Реклама -