Ердоган: „Израел веднаш да го запре ова лудило… Хамас не е терористичка група“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика Израел „веднаш да го запре ова лудило“ и да ги прекине нападите врз Појасот Газа, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на изјава објавена на „X“.

„Израелското засилено бомбардирање во Газа минатата ноќ повторно беше насочено кон невините жени, деца и цивили и ја продлабочи тековната хуманитарна криза. Израел мора веднаш да стави крај на ова лудило и да стави крај на своите напади“, рече Ердоган, повикувајќи ги своите поддржувачи на собир за поддршка на Палестинците во организација на неговата партија денеска во Истанбул.

На собирот, како што кажа, „јасно и категорично ќе кажеме дека го поддржуваме палестинскиот народ против прогонот од Израел“.

Прочитајте и:  ОН: Речиси 100 камиони со хуманитарна помош ограбени во Газа

Собирот ќе се одржи на територијата на стариот аеродром „Ататурк“ во Истанбул.

Во последните денови, Ердоган го заостри својот тон за израелското бомбардирање на Газа како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.

Во средата турскиот претседател објави дека се откажува од сите планови да го посети Израел и го критикуваше неуспехот на Западот да ја запре војната во Газа.

„Хамас не е терористичка група, туку група на ослободители кои ја бранат својата земја“, додаде Ердоган, предизвикувајќи гнев кон Израел.

МИА

- Реклама -