ЕРА ги објави производителите на најекономични автомобили

Американската федерална агенција за заштита на животната средина (EPA) ги објави производителите на најекономични автомобили. Рангирањето ги опфаќа сите производители, а ја вреднува просечната потрошувачка на гориво на целата флота од модели на компаниите.

 

Првото место во ранг листата е за јапонскиот производител Nissan Group. Компанијата има среден показател од 26,2 MPG (можна автономија во милји со еден галон бензин) – приближно 8.97 l/100 km. Во пресметките спаѓаат сите модели на Nissan и луксузната марка Infiniti. Од EPA нагласуваат дека резултатот на Nissan Group не само што е најдобар, туку ја промовира компанијата во производителот со најголемо подобрување во споредба со показателите од претходната година. Палетата на автомобили на Јапонците во 2012 година покажа просек на потрошувачка од 8.7% повеќе гориво.

На второто место е исто јапонска компанија – Toyota (заедно со Lexus) чија флота од автомобили во 2013 година има просечна потрошувачка од 25.1 MPG – приближно 9.37 l/100 km. На третото и четвртото место со минимална разлика се рангираат два американски концерни – Ford (10.52 l/100 km) и GM (10.69 l/100 km), а на петтото e, создадената оваа година компанија, Fiat-Chrysler (11.25 l/100 km).

„Nissan Group дефинитивно покажува дека работи напорно за намалување на потрошувачката на гориво кај своите автомобили. Компанијата внимава на изборот на материјалите, ја подобрува аеродинамиката, ги оптимизира моторите и преносот, што даваат врвни резултати“, објаснуваат од EPA. И нагласуваат дека јапонската компанија има голема гама на автомобили, вклучувајќи ги крајно економичните модели и електрични возила, па се до суперспортските машини и товарни модели. Главна заслуга за подобрувања резултат на Nissan Group имаат новите Altima, Pathfinder и Sentra, кои компанијата ги пушти во САД во 2013 година, се наведува во информацијата.

Во исто време, сепак, резултатите на индустријата се далеку од барањата на стандардот CAFE (Corporate Average Fuel Economy), кој предвидува во 2025 година просечната потрошувачка на гориво на автомобилите во САД да биде во рамките на 4.36 l/100 km.

- Реклама -