Трендот на замена на суперјахтите со луксузни подморници продолжува. U-010 е нов концепт со уникатен твист – таа е и двете нешта во еден пакет.
Дизајнирана е за истражување на морските длабочини во врвен комфорт и луксуз. Долга е 66.5 метри, а подеднакво е способна и за пловење по површината на водата. Опремена е со интегрирани стабилизациони системи, што прават преодот од површината кон длабочините, и обратно, да се тотално удобни и незабележливи. Сето тоа спакувано во современ екстериор и ултра-модерен ентериер.
Не е забрането да се сонува, нели?