Ако јахтите се досадни, супер-јахтите се супер-досадни. Според Bloomberg News, основани од билионерот Мајкл Блумберг, најнов тренд е билионерите да ги продаваат своите огромни јахти, за сметка на приватни подморници! Цената на овие подморници за лична употреба се движи од 1.2 до 4.5 милиони долари. Блумберг објаснува на што се должи трендот:
Јахтите се дефокусирачки.
Побарувачката на се поголеми јахти постојано растеше, а годинава достигна до 180-метарската „Azzam“. Заедно со должината на јахтите, расте и бројот на можностите на палубата. Џакузите, играњето баскет на пловечко игралиште и свирење на пијано на отворен океан се само дел од нив, а токму овие работи билионерите ги сметаат за дефокусирачки. Едноставно, не се веќе во мода.
Пиењето бело вино е досадно.
„Постои нов тренд кај сопствениците на супер-јахти. Преку глава им е веќе да пијат бело вино и да возат скутери, па бараат нова забава.“ – објаснува Берт Хотман, основач на холандската бродоградбената компанија U-Boat Worx, која неодамна ги изложи своите нови модели на приватни подморници во Монако.
Тоа е одлична шанса за купување дополнителни бродови.
Да се пренесе или да се чува 8-тонска подморница на една од вашите јахти, е навистина предизвик. Производителите ги охрабруваат билионерите да купуваат специјално дизајнирани јахти, со простор за подморницата на ум, или пак, разни други придружни бродови што ке помагаат во транспортот и поддршката на вашата нова играчка.
Им се може.
„Многу луѓе имаа значајни финансиски достигнувања, кои сега сакаат да ги инвестираат во истражување на неистражените морски длабочини“, вели Марк Деп, потпретседател на Triton Submarines.