Елтон факинг циција Џон

Elton-John[1]

Елтон Џон го ажурираше тестаментот и одлучи да ги лиши од наследство двајцата синови. Причината? За да ги научи на најважната лекција околу смислата на работата и вредноста на парите.

Засега децата се мали – Закари е на 5 години, а Илајџа има 3, и допрва ќе мораат да ја разберат лекцијата, која ќе ги чини богатство од 280 милиони долари.

Одлуката на Сер Елтон Џон е конечна. Тоа е инспирирана од милијардерот Ворен Бафет, кој најави дека ќе го остави наследството во добротворни цели, вклучувајќи ја фондацијата на Бил Гејтс, а не на своите деца. Токму тоа планира да го направи и британската ѕвезда, но со неколку услови: „Тие имаат потреба да живеат нормално, да имаат малку почит кон парите, малку почит кон трудот… Се разбира, заедно со мојот сопруг ќе им обезбедиме извесна финансиска поддршка. Но ужасно е да им  дадеш сребрена лажица на своите деца, тоа е деструктивно по нивните животи“, вели 68-годишниот уметник, цитиран од „Дејли Мирор“.

kids-800x410[1]

Засега сер Елтон Џон не стигна до компромис со сопругот Дејвид Фарниш околу износот што сепак ќе им го остават на наследниците. Веројатно ќе биде минимален, бидејќи и Фарниш смета дека „најголемите радости доаѓаат од напорната работа“.

Македонски богаташи, читате ова?

- Реклама -