Европската филијала на Нисан објави дека верзијата со електричен погон, ванот e-NV200, ќе се произведува во фабриката на компанијата во Барселона.
Вториот електричен модел на брендот ќе почне да се произведува следната година, откако претходно во комплексот ќе биде вложена инвестиција во износ од 100 милиони евра и ќе бидат отворени нови 700 работни места. Од Нисан потенцираат дека e-NV200 ќе им понуди на потрошувачите автономија и однесување на патот во согласност со она што го нуди и првиот електричен модел на брендот, Leaf.
„е-NV200 е потврда за успешниот настап во гамата на ван возила и уште еднаш ја покажа лидерската позиција на Нисан во сегментот на автомобили со електричен погон“, истакна Енди Палмер, извршен потпретседател на Нисан.
„Новиот модел ќе понуди простор, флексибилност и практичност, како ван со стандарден погонски систем, но со нула CO₂ емисии за време на употребата. Од клучно значење е тоа што тој ќе понуди поинакви индикатори во однос на употребата и оперативните трошоци, што го прави исклучително интересен предлог како за деловен, така и за семеен автомобил“, додава Палмер.
Стандардната верзија на Нисан NV200 наиде на одличен кориснички интерес, а вкупната реализација на моделот е околу 100.000 единици годишно. Автомобилот беше избран на конкурсот за следното такси возило во Њујорк.
Објавено во сорботка со Авто Плус.