Студенти од Државниот Универзитет во Охајо, се упатиле кон пресушеното солено езеро Боневил во Јута, за да видат колку брзо ќе се движи нивниот електричен автомобил наречен Buckeye Bullet. Оваа импресивна направа уште од почетокот има електричен погон, единствената промена е системот за производство нa електрична енергија од водород што бил заменент со литиум-јонски батерии.

Пред промената, возилото поставило рекорд од 484 километри на час во 2009. Но, студентите оваа година заедно со Вентури, производител на спортски автомобили од Монако, го претвориле Buckeye Bullet 2 во тест возило за автомобил кој Вентури го планира за 2011. По неколку обиди кои биле уништени од ветар, возилото постигнало брзина од 460 километри на час во едната насока, и 477 во другата, од што била пресметана просечна брзина од 468 километри на час. Но во следниот обид, тимот успеал да го скрши рекордот кој го поставиле претходниот ден со просечна брзина од 495, при што најголемата брзина која ја постигнале била 514 километри на час.