Летото е период кога сме изложени на штетното дејство на УВ-зраците, како резултат на што се јавуваат промени на кожата, па дури и рак. Од таа причина научниците и фармацевтите се во постојана потрага по лек или начин како да се справи болниот со оваа опасна болест и, се разбира, колку што е можно тоа да биде побезболно и понепријатно.
Летото е период кога сме изложени на штетното дејство на УВ-зраците, како резултат на што се јавуваат промени на кожата, па дури и рак. Од таа причина научниците и фармацевтите се во постојана потрага по лек или начин како да се справи болниот со оваа опасна болест и, се разбира, колку што е можно тоа да биде побезболно и понепријатно.
Така, на десеттиот конгрес на Европското здружение на фотодинамична терапија во Монако научниците го претставија електричниот фластер за лечење на рак на кожата. Светлечкиот фластер го добил името Ambulight PDT, а пациентите го носат со цел да го намалат времето поминато во болница и да ја забрзаат терапијата и лечењето.
Уредот е долг пет сантиметри и пред употреба се полни со енергија три часа, а потоа се залепува на местото кое претходно е намачкано со посебна крема. Научниците тврдат дека со помош на електричниот фластер лечењето е многу поудобно и побрзо, бидејќи пациентот се лечи во домашна релаксирана атмосфера.
Имено, опремата за фотодинамична терапија (PDT) порано била достапна исклучиво во болниците. Но, сега благодарение на електричниот фластер Ambulight PDT пациентот ја посетува болницата само за болното место на кожата да му биде премачкано со специјалниот крем, не мора да биде хоспитализиран бидејќи електричниот фластер може да се носи без проблем надвор од болницата. Лечењето е потполно безболно и веќе 50 луѓе го користеле овој електричен фластер, а научниците тврдат дека искуствата се позитивни и дека нема контрандикации и несакани ефекти!
– Ова е многу поудобна форма на третман, бидејќи им овозможува на пациентите да се движат и да ги вршат секојдневните обврски и задачи, да одат на работа или на училиште – вели професорот Ифор Самуел, кој е дизајнер на направата.
Електричниот фластер е за лечење на рак на кожа, но да се надеваме дека ќе се пронајде нешто слично и за другите видови.
Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР