Electric GT – нов шампионат со Tesla Model S

gt_ibiza

Наскоро започнува една нова ера во автомобилските спортови. Свој прв чекор на Ибица, во Шпанија, ќе направи шампионат наречен Electric GT. Во него ќе учествуваат нормалните електрични автомобили од патиштата, се разбира со одредени модификации, што сигурно ќе придонесе за нивна популаризација.

Тркачките машини ќе се креации на Елон Маск – Tesla Model S 85+, но информациите околу моќноста за сега не се достапни. Според првиот човек на шампионатот – Августин Паје, модификациите се однесуваат само за безбедноста, ладењето, влечењето, сопирачките и аеродинамиката, како и намалување на тежината, но не и погонот и напојувањето.

Шампионатот ќе вклучува 10 тима со двајца пилоти и соодветно автомобили, а патеките ќе се култните за автомобилскиот спорт – Мугело, Есторил, Брендс Хеч, Пол Рикар, Каталонија, Зандвоорт и јужниот лак на Нирбургринг. Првата сезона, дефинитивно ќе биде клучна за векот на шампионатот и таа ќе го одреди правецот за во иднина.

Автоплус

- Реклама -