Тешко дека некој ќе ги стави поимите моноцикл и искачување на Монт Еверест во ист кош,освен Steve Colligan-екстремен моноциклист кој планира да го освои овој највисок врв на светот на едно тркало.
Тешко дека некој ќе ги стави поимите моноцикл и искачување на Монт Еверест во ист кош,освен Steve Colligan-екстремен моноциклист кој планира да го освои овој највисок врв на светот на едно тркало.
Colligan вози моноцикл девет години од кои шест години се занимава со планинарење „на едно тркало“. Ова екстремно возење од 1.000 километри на најстрмните предели во светот, е неговиот најголем подвиг досега, за кој ќе треба да
помине 1.000km преку пет планински превои повисоки од 5.000m на температура и над -15 степени целзиусови. 47-годишниот Colligan од Манчестер со овој екстремен подвиг сака да собере пари за да изгради училиште во Непал и се разбира да ги сруши сите рекорди на екстремно планинарење со моноцикл со што ќе стане првиот кој на овој начин го искачил Монт Еверест. Неговиот подвиг можете да го следите на www.unicyclesteve.com.