Експанзија на западни брадавици

Норман Роу – пластичен хирург од Њујорк, вели дека бројот на интервенции на брадавици е зголемен за речиси 4 пати во последниве шест месеци. Од некогашните 4, сега прави 18 интервенции во истиот период. Зошто? Затоа што жените, особено помладите, сакаат да носат проѕирни парчиња облека, како Бела Хадид и Кендал Џенер.

„Ништо веќе не е вон дофат на козметичката хирургија. Луѓето го гледаат баш секој детал. Веќе не е доволно само да ги зголемите градите или ринопластика (корекција на носот). Жените сакаат до финеси да биде обработен секој детал. А во денешно време, (од технички аспект) тоа е можно“, вели Роу (Rowe).

#FreeTheNipple ги направи жените да се самосвесни околу своите брадавици. И пластичните хирурзи уште толку да ги наполнат џебовите.

Повеќе од 70% од жените имаат асиметрични брадавици, а тие што прават „корекција“ на брадавиците попатно го решаваат и тој „проблем“. Има и такви што сакаат да ги избелат.

Трендов е почнат од пред година дена, а особена експанзија доживува кога наближува летото. Роу вели дека пациентките често му доаѓаат со фотографии од списанија, кои ги користат како каталог за тоа какви брадавици сакаат да им  направи. Обично се работи за зголемување на самата брадавица, а намалување на ареолата (кругот во основата). Други бараат испакнување на брадавиците – за што подобро да се пробиваат од под бикинито или летната облека, која се разбира, ја носат без градник.

Фала им на Минаж, Хадид, Џенер и сите други што помогнаа во ваквата женска еманципација… Саркастични сме, нормално.

„Сосема случајно“ фатена со видливи брадавици пред џиновски билборд на Келвин Клајн.

PS. Еден ден, во иднина, кога сите жени уште на млади години ќе имаат поминато ваков корективен зафат, со носталгија ќе се сеќаваме на времето кога еректираните брадавици значеа дека жената е возбудена. Но тогаш веќе сите ќе шетаат „возбудени“. Ќе изгледа исто како сите да сме си направиле пластична операција на лицето, ама со перманентна насмевка.

- Реклама -