Една од главните пречки во воведувањето на возила кои користат алтернативни горива е цената. За алтернативните горива да бидат достапни за пошироката јавност тие треба да бидат евтини и лесни за произведување. Но, додека тоа да се случи, производителите ќе создаваат возила за луѓе на кои цената не им е проблем.

Ферари и Ламборџини веќе развиваат некој вид на хибридни возила, а роудстерот на Тесла има цена од над 100000 долари. Во трката за производство на суперавтомобил кој работи на алтернативно гориво е и компанијата Рон Мотор. Нивниот Scorpion има за цел да го промени светот на егзотични суперавтомобили.
За погон на овој автомобил е употребен ултра ефикасниот и моќен 3,5 литарски V6 од Хонда кој би требало да обезбеди 450-650 коњски сили и потрошувачка од околу 6 литри на 100 километри. Ова ќе биде постигнато преку вбризгување на водород во горивото со што потрошувачката ќе се намали за 20-30% и драстично ќе се намали емисијата на штетни гасови.
Дополнителна помош доаѓа од каросеријата направена од карбон фибер и двата турбо полначи. Целиот автомобил тежи само 998 килограми со што е полесен и од многу мали спортски двоседи. 650 коњски сили се дефинитивно возможни со оглед на тоа што водородот може да го подигне нивото на октани во горивото и до 130, што е повисоко дури и од горивото кое се користи во Формула 1.
Scorpion сепак користи фосилно гориво, но кога ќе започне со продажба, ќе стане Приусот во светот на суперавтомобилите. Тоа и не е изненадување кога ќе се земе предвид фактот што останатите суперавтомобили имаат потрошувачка која редовно надминува 25 литри на 100 километри.