Просечната брзина со која еден човек може да засадува дрвја е десетина садници во еден час, односно стотина во еден ден. Со таа брзина не можеме ни да се надеваме дека ќе ги надоместиме дрвјата кои се сечат за потребите на човештвото. Но, на некој развил начин за садење на дрвја со поголема брзина и во поголем број, до 900000 садници во еден ден.
Просечната брзина со која еден човек може да засадува дрвја е десетина садници во еден час, односно стотина во еден ден. Со таа брзина не можеме ни да се надеваме дека ќе ги надоместиме дрвјата кои се сечат за потребите на човештвото. Но, на некој развил начин за садење на дрвја со поголема брзина и во поголем број, до 900000 садници во еден ден.
Ова може да се постигне ако се оствари планот за пренаменување на стари воени авиони кои седат во хангари низ целиот свет без никаква функција. Овие транспортни авиони кои пред многу години биле адаптирани за „засадување“ мини на непријателска територија сега само собираат прав. Во 70 земји во светот има околу 2500 вакви авиони-минери, кои се идеални за адаптирање во еко-бомбардери.
Гардијан пишува „Опремата инсталирана во големи транспортни авиони, како С-130, била користена од војската за поставување на големи мински полиња и сега ќе биде адаптирана за садење дрвја во изолирани региони.
Идејата, која оригинално потекнува од поранешен пилот во Британското Воено Воздухопловство, Џек Волтерс од Бриџнорт, Шропшајр, била развиена од американскиот произведувач на авиони Локхид Мартин Аероспејс, и ќе овозможи засадување на 900000 садници дневно.“
Идејата на Волтерс била објавена во научен весник пред речиси 25 години, но била оценета како технолошки невозможна. Сега, Локхид се одлучни дека овој план е идеален за искористување на старите воени машини. Питер Симонс, претставник на компанијата изјавил: „Можностите се неверојатни. Можеме да летаме на висина од 300 метри, со брзина од околу 240 километри на час и да засадуваме повеќе од 3000 конуси во минута, исто како и со мините, само што овој пат наместо експлозив секој конус ќе држи по едно дрво. Тоа се 125000 дрвја засадени со едно полетување или 900000 во еден ден.“ Локхид велат дека со користење на оваа технологија ќе се овозможи засадување на милијарда дрвја годишно, или доволно за пошумување на површина од 7770 километри квадратни.
Како функционира еко-бомбардирањето?
Прво, треба да се избере соодветна околина, најчесто шума во која масовно биле сечени дрвја. Но со мали адаптации, Локхид велат дека и регионите во кои никогаш немало шуми ќе можат да бидат бомбардирани со друга верзија на конусите кои ќе содржат грмушки наместо дрвја.
Второ, пренаменет авион-минер се опремува со специјалните конуси кои го содржат растението.
Трето, „бомбите“. Еве како функционираат:
Конусите се дизајнирани да се закопаат на истата длабочина како при рачно засадување на дрвја. Тие се наполнети со ѓубриво и материјал кој ја собира влагата од околната почва со што се носи вода до корењата. Конусите се метални, но скапуваат многу брзо што значи дека дрвото ќе може да ги пушти своите корења во почвата без никакви пречки. [Aerial bombardment to reforest the earth]