ЕК ќе предложи воведување задолжителни рокови во ЕУ за сертификатите за вакцинираните против Ковид-19

Брисел, 20 декември 2021 (МИА) – До крајот на годинава Европска комисија ќе предложи воведување задолжителни рокови во ЕУ за важност на сертификатите за вакцинирани против Ковид-19, соопшти денеска ЕК.

Таквата одлуката може да биде донесена за неколку денови.

Претходно ЕК препорача документите да важат девет месеци од последната доза потребна за целосна вакцинација.

Се очекува 250 милиони дози од вакцината Фајзер да бидат доставени во ЕУ во првиот квартал од следната година, кои се предвидени за дополнителната доза.

Прочитајте и:  Министри на ЕУ членки: Путин продава лаги за руската економија, која со „советизацијата“ оди кон пропаст
- Реклама -