Една е мајка: Се фрлила под автомобил за да си ги спаси ќерките

Мајка од Масачусетс се фрлила под автомобил за да си ги спаси ќерките од болница, или уште полошо – смрт.

22-годишната Минди Тран мислела дека правилно ја паркирала својата Хонда пред нејзиниот дом, па излегла да ја отклучи влезната врата. Но, куќата е всушност сместена на рид, па веќе во следниот момент, автомобилот почнал да се движи по удолнината, упатувајќи се кон главната и преополна улица во подножјето. Се разбира, со нејзините две ќерки во него.

Тран се преплашила, но веднаш се фрлила под тркалата во стилот на „лежечки полицаец“, и успеала да го забави возилото доволно за еден од соседите да скокне во него и да ги извади девојчињата. Тран морала да биде извлечена од екипа пожарникари, а потоа била пренесена во болница со хеликоптер. Храброста ја платила со скршена нога и дислоцирано рамо и колк, ама затоа пак сега има две живи и здрави ќерќи. Ја очекуваат уште операции, но веројатно ќе биде отпуштена од болницата за неколку недели. Моментално е во инвалидска количка, но верува дека пак ќе прооди.

4.1.1

„Моите ќерки ми се се на светот и не сакам да ги видам во болница, а знаев дека во тој момент се работеше или за мојот или за нивниот живот“, вели Тран.

Претходно, семејството живеело во засолниште за бездомници, а настанот се случил многу скоро откако семејството се доселило во апартманот.

- Реклама -